Левица учествуваше на светски самит во организација на Комунистичката партија на Кина

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Денес, 15 март 2023 година, претседателот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев, учествуваше на Светскиот самит на Комунистичка партија на Кина, кој се одржа под мотото: „КПК ВО ДИЈАЛОГ СО СВЕТСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ“.

Настанот се одржа преку дигитална конекција на над 600 политички партии и нивните лидери, во повеќе од 160 држави во светот.

На отворањето на настанот, од седиштето на КПК во Пекинг, свечено се обрати Генералниот секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Народна Република Кина – Си Џинпинг, а по неговиот воведен говор следеа и говори на повеќе лидери на партии, држави и влади од целиот свет: Николас Мадуро (Венецуела), Даниел Ортега (Никарагва), Кирил Рамафоза (Јужно-африканска Република), Александар Вучиќ (Србија) и многу други регионални лидери.

На светскиот состанок, кој се одржа на највисоко ниво, се отворија важни теми за: потребата од надминување на постоечкиот западнистички неолиберален поредок; справувањето со новите геополитички предизвици; мирољубивата коегзистенција и интернационалната соработка меѓу народите; иницијативата „Појас и Пат“; модернизацијата на земјите преку одржлив раст и развој и почитување на нивниот национален суверенитет; вложувањата во инфраструктурата; справување со сиромаштијата и еколошките предизвици; опоравувањето од Ковид кризата и неизбежното раѓање на еден нов и поправеден мултиполарен свет.

Слични содржини