Левица: Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на брза лента, вработува и унапредува лица по принцип на партиска припадност и фамилијарни врски

од Milan1
74 прегледи

Од партијата Левица реагира за најновото вработување на сестрата на министерот за култура Зоран Љутков.

„Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на брза лента, катадневно и во секоја пора на јавниот сектор, вработува и унапредува лица по принцип па партиска припадност и фамилијарни врски. Најнов пример за ваквото расипничко владеење е вработувањето на сестрата на министерот за култура, Зоран Љутков, во Велешкиот музеј, директно од негова страна и без распишен јавен оглас. Покрај бројните скандали за непотизам во само 100 дена владеење, ја потсетуваме јавноста дека во Собранието, власта се обидува во новоформираната второстепена државна комисија да именува свои партиски војници. Ова е вистинското лице на власта – власт што го поткопува општеството и ја краде иднината на новите генерации, велат од партијата.

Оттаму бараат Антикорупциска комисија итно постапи во врска со систематскиот непотизам во јавниот сектор.

Комисијата не смее да го игнорира овој сериозен проблем и да дозволи поединци или групи да ги злоупотребуваат државните ресурси за лични интереси. Државните институции мора да бидат места за професионалци, а не за приватни мрежи на интереси!, додаваат оттаму.

Слични содржини