Во теков на вчерашниот ден, повторно се потврди дека министерот Оливер Спасовски е дел од сценариoто за предизвикување насилство, целосно потфрлајќи соодветно да ја обезбеди критичната точка кај Мавровка. Иако и пред два дена имаше инциденти на оваа точка и министерот мораше соодветно да ја обезбеди локацијата, тој дозволи да биде загрозена безбедноста на илјадниците граѓани кои мирно маршираа, обвинија денеска од партијата Левица.
Од таму бараат министрите Спасовски и Османи да си поднесат оставки, поради како што велат, сценирање насилство.
-Вчера бевме сведоци дека огромната маса народ не подлегна на провокациите, монтирани од власта, и продолжи достоинствено да протестира против нивните врховистички политики. Нема да дозволиме нашите учебници и историја да бидат пишувани од оние кои системски работат да нè асимилираат! Нема да дозволиме цензура на неофашизмот на Бугарија под изговор за говор на омраза, стои во партиското соопштение.