Левица: Долгонајавуваното зголемување на пензиите е апсурдно

од Nikola Popovski
234 прегледи

Опозициската Левица денеска излезе со соопштение, во кое се критикува најавеното покачување на пензиите. Според партијата, покачувањето на пензиите треба да биде со цел амортизација на незадоволството на дел од граѓаните.

-Пред само неколку дена, Владата преку Министерството за труд и социјална политика, изјави дека ова фамозно и долгоочекувано зголемување на пензиите ќе изнесува едвај 850 денари! Во услови на економска криза, проследена со речиси двојно зголемување на цените на основните прехрамбени продукти како и зголемувањето на струјата од над 30 отсто, апсурдно и крајно понижувачки е МТСП да се фали со зголемување на пензиите од 850 денари, велат од Левица и додаваат дека оние пензионери кои земаат највисоки пезнии ќе добијат и најголемо покачување од 1 500 денари.

Претходно беше соопштено дека на крајот од месецов пензионерите ќе добијат околу 7 проценти покачување, усогласување на пензиите согласно новата методологија што е донесена во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти во однос на просечната плата.

Слични содржини