Левица: Георгиески не распиша литературен конкурс во чест на Св. Кирил и Методиј

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, оваа година не го распиша традиционалниот награден ученички литературен конкурс за најдобра ликовна творба, по повод 24-ти Мај,соопштија од Левица.

„Свети Кирил и Методиј се солунски браќа кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените во Голема Моравија и Панонија. Преку нивната дејност тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени. Ја напишале првата словенска азбука, глаголицата, која била прилагодена на јазикот на Словените. По нивната смрт, нивната дејност ја продолжуваат нивните ученици.

Константин Георгиески јавно мора да им образложи на охриѓани зошто со укинувањето на литературниот конкурс го негира ликот и делото на светите браќа? Дали и оваа негаторска постапка на охридскиот градоначалник е во контекст со бришењето на македонската историја и култура, под притисок на шовинизмот на официјална Софија?,прашуваат од партијата на Апасиев.