„Левица“ го блокира Законот за лични карти: Причината е графата за етничка припадност

372 прегледи

„Левица“ го блокираше Предлог законот за лични карти предложен од Движењето Беса, кој предвидува воведување на графата етничка припадност во личните карти. Двајцата пратеници од оваа партија предложија 1.229 амандмани додека еден амандман предложи ВМРО ДПМНЕ. Движењето Беса како предлагач се сомнева дека зад илјадниците амандмани се крие сценарио за блокирање на Законот. Пратеникот Фадил Зендели вели дека во наредните денови ќе ја деконспирираат целта на опозицијата од редовите на Македонците.

„Тука постои позадина и заговор, што е малку пошироко и верувам дека во следниот период работите сигурно ќе бидат разјаснети, ќе имаме повеќе информации за тоа што значи доставување на овие амандмани за реализација на иницијатива, што не му штети на ниту еден политички субјект или на која било етничка припадност. Тоа е едноставно дел од социјалната и државна реалност што ја има Северна Македонија како мултиетничка земја“, рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса.

Објаснување на партијата „Левица“ се дека со поставувањето на етничката припадност, земјата оди против европските вредности. Според нив, само 20 земји во светот ја имаат графата за етничка припадност и религија во нивните лични документи.

Седницата на собраниската Комисија за политички систем продолжува по техничкиот преглед на амандманите. Партиите на Албанците најавија поддршка за Предлог законот за лични карти. Него го поддржува и СДСМ. Етничката припадност во личните карти беше услов на Движењето Беса за време на уставните измени и е дел од предизборниот договор меѓу партијата на Билал Касами и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Слични содржини