Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

194 прегледи
Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на РМ со кој ја спори уставноста на донесениот и прогласен Закон за попис.
Сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.
Дополнително, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент кој е веќе покренат. Имено, до 30-ти јуни имаме прогласено КРИЗНА СОСТОЈБА и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис!

Слични содржини