Левица ќе бара намалување на провизиите

од Nikola Popovski
193 прегледи

Левица ќе предложи законско решение за намалување на провизиите и надоместоците и нивно ограничување, со што овие навидум „безначајни“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните, соопштија денес од партијата.

-Во Македонија, најпрофитабилни во 2021 година се Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, и тоа не само што се водечки меѓу банките, туку и меѓу акционерските друштва кои што котираат на Македонската берза. Споредено со 2020 година, банките одлично се опоравуваат од пандемијата, а профитабилноста во 2021 година е зголемена за повеќе од 20%. Ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се повисоки во 2021 година околу 18,5%, информираат од опозициската партија.

Левица апелира и останатите парламентарни партии да го поддржат нивниот предлог и за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал.

Слични содржини