Левица: Непотизмот во МНР е основа на деструктивната дипломатија

од Nikola Popovski
152 прегледи

Левица порачува дека „непотизмот во МНР е основа на деструктивната дипломатија која слугува на странски агенди“.

-По неуспешниот обид новинарката Бесмира Ејупи, која скандалозно заработувала хонорари од пет државни институции, да стане генерална конзулка во Њујорк со несоодветна диплома од приватен универзитет, Османи ја вработи во МНР, при отсуство на компетенции, очевидно по сопствена иницијатива, обвинија од партијата Левица.

Според нив, дополнително, без претходно искуство и соодветно звање, Ивана Костовска е најновиот вработен во МНР по согласност од Османи.

-Се работи за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, кој гласаше ЗА „францускиот предлог“ и беше спремен да предизвика насилство во Собранието за бугаризација на Македонија.

Потсетуваме дека претходно за генерален конзул во Чикаго беше испратен синот на провладиниот политички аналитичар, Алберт Муслиу.

Само пред некој ден, Пендаровски ги потпиша указите за амбасадорите во Софија и Брисел (амбасадорски места од исклучително значење за Републиката доколку се земат во предвид случувањата околу заклучоците и преговорите со Бугарија) без да бидат сослушани пред собраниската комисија, со што направи уште еден дипломатски преседан.

Преку низа скандалозни одлуки за кадровски решенија, карактеристични за тоталитарно општество, владејачката клика неминовно потврдуваат дека измеќари на туѓите интереси, велат од Левица преку соопштение.

Слични содржини