448
Со оглед на спорните моменти, кои неколкупати беа актуелни кога се во прашање пратениците и средствата кои ги земаат како патни трошоци, лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за Канал 5, даде свое видување и решение.
„Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти, е постоечкото – 20% на изминат километар, да се измени и да се спушти на 5%. Според нашите калкулации, во тој случај, цената којашто ќе ја добиваат пратениците, ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација“, посочи Апасиев.