Пратеникот од политичката партија Левица, Борислав Крмов на својот Фејсбук профил објави фотографија од автобуска станица, под која напиша дека од работа дома се враќа со автобус.
„Дома со автобус. Пратеничката плата е повеќе од доволна за да се покријат сите трошоци за пат, хранарина, престој во Скопје и плус да се донира 25% во Солидарниот фонд на Левица, што е наша партиска обврска. Се друго е невидено безобразие и грабеж на оваа бедна и напатена земја. Ние не дојдовме тука да профитираме на грбот на народот, туку да бидеме неговиот глас во законодавниот дом!“, напиша Крмов.
Дома со автобус. Пратеничката плата е повеќе од доволна за да се покријат сите трошоци за пат, хранарина, престој во…
Публикувахте от Борислав Крмов в Четвъртък, 3 септември 2020 г.