Левица поднесе претставка против помошник-началник

од Nikola Popovski
261 прегледи

Партијата Левица информираше дека нејзиниот правен тим поднел претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР против АФРИМ ЈУСУФИ, помошник началник во СВР Битола, за како што велат од партијата, „организирано малтретирање на обични граѓани на прославата на Илинден“.

-Дополнително, поднесена е кривична пријава против ДРАГАН ЃУРИЌ и ЉУПЧО КУЗМАНОВСКИ – припадници на Затворска полиција од КПД Прилеп и КПУ Идризово. Имено, Ѓуриќ, Кузмановски и Јусуфи координирано им даваа наредби на полициските службеници, но и директно на граѓаните, коишто мирно го изразуваа својот протест да се турнат и повлечат назад. Со тоа, тие прекршија низа уставно загарантирани слободи и права на граѓаните – право на собир, изразување на мирен јавен протест, слобода на мислата и право на јавно изразување на мислата, соопштија денес од партијата.

Левица претходно поднесе кривична пријава против началникот на СВР Битола, БЕНИТО ЈОШЕВСКИ, поради како што велат од партијата, „насилнички им ги одзел транспарентите на активистите на Левица“.

Слични содржини