Левица: Работниците работат незаштитени во „Брако“

од Берта Китинска
211 прегледи

Во велешката компанија „Брако“ работниците  работат незаштитени подолго време, при што маските кои ги добиле за еднократна употреба им било наложено дома да ги перат, обвинуваат во Левица.

Според нивните информации и родителите кои побарале да го оставарат своето право согласно препораките на Владата не добиле дозвола да отсуствуваат, при што работниците поради страв од отказ не сакале да проговорат јавно.

– Се работи за компанија која само во 2018 година оствари приход од 27 милиони евра и  профит од 1,1 милиони евра, додека вработените работат во мизерни услови и без никаква заштита за време на пандемија, велат од Левица.

Неодамна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека ќе се национализираат сите фирми кои профитираат за време на светската пандемија, па според партијата, експремиерот треба да почне токму од оваа компанија.

Слични содржини