Левица со амандман бара пратениците да не можат да се конектираат од спалната или тоалетот, ако работат онлајн

од Берта Китинска
398 прегледи

Политичката парија Левица во своите 1.400 амандмани што ги поднела за да се блокираат предложените измени на Деловникот за онлајн работа на заразени и пратеници во изолација, има шеговити предлози.

-Пратениците при учество и одлучување од далечина може да се конектираат само од својата дневна или работна соба, а не од спалната или тоалетот, за време на велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце; пратениците кои учествуваат во работата од далечина не смеат да носат облека со обележја на моден салон (месарница, салон за педикир, за маникир…) Вака гласат дел од амандманите, поднесени од пратеникот Борис Крмов од Левица.

Опозицијата  со поднесените амандмани здружено се обидува да го блокира донесувањето на измените на собранискиот Деловник што ги поднесе спикерот Талат Џафери, а со кои се предвидува можност за онлајн-вклучување на пратеници кои се во изолација.

Слични содржини