Левица најави ќе биде поднесена иницијатива за забрана на новоотвореното здружение „Цар Борис III“ во Охрид.
-Слободата на здружување на граѓаните како уставно загарантирано право има свои јасни граници со цел спречување на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, сметаат од партија.
Од Левица истакнуваат дека основањето на здруженија со назив „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“, е директно насочено кон насилно уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија, а особено кон разгорување наа национална омраза.
-Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија, соопштија од опозициската партија.