Левица: Со Законот за дивоградби, богатите странци ќе ги узурпираат македонските планини

од Nikola Popovski
267 прегледи

„Ако малку подобро се погледне законското решение за дивоградбите, кое на јавноста и беше понудено, а каде што како објекти за легализација се вброени и „базените“, јасна е тенденцијата за легализација на приватниот интерес – луксузот и комфорот на побогатите. На странските државјани од документи за легализација им се бара само „копија од патна исправа“, со што и на богатите странци ќе им биде отворен патот за узурпација на македонските урбани јадра и планини. Нешто што не можат да го прават во своите матични држави“, се огласија од партијата Левица за новиот Закон за дивоградби.

Според нив, понатаму, ќе се легализираат дивоградби во заштитени подрачја, национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачја на заштитено недвижно културно наследство и нешто што е апсолутно недозволиво, во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, само по добиена согласност од надлежен орган!

„Со овој закон ќе бидат легализирани стотици нелегални комерцијални објекти, луксузни куќи и викендички, кои со години се градат бесправно со преќутна согласност на властите. Она што мора да се потенцира е дека, овој закон беше договорен на лидерската средба, одржана за одложување на пописот. Токму на предлог на амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со овој закон се предвидува да запрат сите кривични и граѓански постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти (од значење на локално и републичко ниво). Со заедничкото изгласување на овој амандман, од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се запираат кривичните постапки против новинарот Драган Павловиќ-Латас, поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, градителот на срушениот објект кај „Мавровка“ и градителот на дивоградбата кај Американската амбасада, за која беше објавен и прислушуван разговор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети. Од ова може да се заклучи дека се работи за уште една договорена амнестија помеѓу власта и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, повторно на штета на граѓаните“, велат од партијата.

Со новата регулатива ќе може да се легализираат сите бесправно изградени објекти од 2011-та наваму, а од кривична одговорност ќе бидат бидат ослободени прекршителите.

Дозволено ќе биде легализација на дивоградби во заштитени подрачја, но и заштитни зони на извори за вода за пиење.

Слични содржини