Партијата Левица бара од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов и да испита кои се лицата кои, како што тврдат, „малтретираа и се закануваа на активисти на Левица“ и неовластено барале да се легитимираат на вчерашната прослава на Илинден во Крушево.
-Нашиот истакнат член на Централен Комитет, Игор Смилев беше малтретиран од затворската полиција под директива на Андонов. Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот Смилев беше турнат на земја! Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси, велат од опозициската партија.