Левица: ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави резолуцијата на ЕПП со која се деградира македонскиот народ

од Nikola Popovski
240 прегледи

По усвојувањето на извештајот од страна на Европскиот парламент за напредокот на Македонија и прифаќањето на контроверзните бугарски амандмани, секому е јасно дека проблемот со Грција претставуван како пречка за отпочнување на преговорите бил само обична фарса, велат од партијата Левица.

Според нив, по европскиот парламент, Конгресот на Европската народна партија, чиј член е ВМРО-ДПМНЕ, во Ротердам усвои Резолуција со која застана зад позициите на Софија.

-Во усвоената резолуција која беше пофалена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а оценета како објективна од страна на нивниот потпретседател Муцунски од Македонија се бараат:

„мерки за почитување на правата на Бугарите“, дел од Резолуцијата во кој се алудира на внесување на Бугарите како конститутивен народ во Уставот на државата и
„Македонија да се помири со сопственото минато“, дел од Резолуцијата во кој се алудира на спроведување на историскиот ревизионизам, преку кој се ревидира бугарското фашистичко минато и нивната окупација врз Македонија,прифаќајќи ја бугарската приказна за македонската историја, појаснуваат од опозициската партија.

Од таму додаваат дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон оваа Резолуција, практично покажува прифаќање на квислиншкиот курс на надворешна политика, демонстриран изминативе години откако СДСМ и ДУИ се на власт и дава јасни сигнали на спремност оваа партија да ги прифати бугарските барања од позиција на власт или биде кооперативна за нивно спроведување од позиција на опозиција.

-Заради ова, во ситуација кога речиси ниту еден политички фактор не ги застапува интересите на македонскиот народ и држава, Левица уште еднаш повикува на прекин на преговорите со Бугарија и неотпочнување на било какви билатерални односи, како со источниот сосед така и со ЕУ, се додека не се спроведат парламентарни избори и не биде усвоена национална стратегија за надворешна политика, стои во партиското соопштение.

Слични содржини