Левица: Загрижувачки е фактот што Мицкоски бара нова промена на Уставот

од Nikola Popovski
163 прегледи

Опозициската Левица се огласи соопштение по повод последните случувања во преговорите меѓу Бугарија и Македонија. Според партијата, за работата на историската комисија, за тоа што се преговара, што е договорено и какви отстапки прави македонската страна, информации нема ниту за јавноста, ниту за пратениците.

Од Левица сметаат дека со ова се потврдуваат сомнежите дека Владата предводена од ДУИ и СДСМ подготвуваат ново велепредавство на македонскиот народ и држава, зад затворени врати.

-Недостапноста на овој документ, прифатлив за Владата на ДУИ и СДСМ, покрај тоа што најавува ново велепредавство, укажува и на спремноста од нивна страна истиот да го протуркаат што е можно потивко и што е можно поскоро, за да се избегне негодувањето и притисокот од јавноста. Патем, уште позагрижувачки е фактот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави спремност да разговараат во насока на нова промена на македонскиот Устав!, стои во партиското соопштение, при што се додава дека Левица речиси цела година повикува на прекин на преговорите под покровителство на Вашингтон и Брисел.