Lexus подготвува ново купе кое ќе ги замени моделите RC и LC

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Новите вести од Јапонија сугерираат дека Lexus има намера да ги замени моделите RC и LC со ново купе, следејќи ја стратегијата слична на пристапот на Mercedes со моделот CLE кој служи како замена за C-Class Coupe и E-Class Coupe.

Не е познато како ќе се вика новиот модел, но најверојатно по големина ќе биде сличен на LC. 5.0-литарскиот V8 мотор повеќе нема да се нуди, додека хибридниот 3.5-литарски V6 погон од гамата LC ќе биде задржан, веројатно по неколку ревизии.

Lexus би сакал да понуди специјална верзија на 3,4-литарскиот V6 со два турбо полначи.

Се очекува 8-брзински автоматски менувач да биде единствената опција, заедно со погонот на задните тркала, иако има и шпекулации за потенцијално воведување на варијанта со погон на сите тркала.

Се очекува дека новиот модел ќе биде купе 2+2, а наводно ќе има елегантен дизајн. Исто така, постои можност подоцна да се појави и кабриолет варијанта.

Автомобилот треба да биде долг околу 4800 mm, широк 1900 mm, висок 1350 mm, со меѓуоскино растојание од 2870 mm.

Слични содржини