Заедно со новиот луксузен MPV модел LM, Lexus премиерно го прикажува електричниот RZ Outdoor Concept на салонот во Шангај.
Станува збор за уникатно RZ, во форма на (про) теренско возило со нови тркала и гуми за сите терени BF Goodrich, носач за велосипеди, LED светла, црни рачки на вратите, алуминиумска заштитна плоча, црна маска и долни делови обоени во црнo.
Сето тоа со елементи со боја со висок сјај за носот, хаубата, покривот и багажникот.
Возилото има два електромотори со вкупна моќност од 230 kW/313 КС, а со едно полнење на батеријата од 71,4 kWh автономијата е до 354 km.