161
Лејди Гага беше видена на снимањето на филмот „Joker: Folie à Deux“ во саботата во Њујорк. Сцената ја прикажува Гага на скалите на Врховниот суд на округот Њујорк во центарот на Менхетен.
Актерката била опкружена од група полицајци, среде толпа луѓе. Многу од нив носеа знаци како Free Joker. Таа носеше светло црвен блејзер, а под него топ со препознатлив црно-бел дезен, кој е заштитен знак на Харли Квин. Костимот е комплетиран со црно кожено мини здолниште и црни чорапи.
Продолжението на Џокер е во режија на Тод Филипс, кој исто така го напишал заедно со Скот Силвер.