LG ќе ја реализира долгоочекуваната премиера на својот нов предводник на специјален настан што ќе се одржи на 28 април. Компанијата исто така има намера во краток рок потоа да ја започне продажбата на глобалниот пазар.
Претстојниот паметен телефон на LG ќе им понуди на своите корисници една интересна функционалност, за која сега дознаваме. Тие ќе имаат корист од новата верзија на корисничкиот интерфејс на корејскиот гигант и тој ќе се одликува со два различни режими на работа. Првиот од нив ќе се вика Basic, а тој ќе претставува исчистена верзија на интерфејсот, која ќе биде максимално лесна за употреба. Функционалност, која е насочена кон оние корисници кои не користеле досега паметен телефон со Android или модел на LG.
Вториот ќе се вика Expert и како што неговото име сугерира, ќе понуди многу повеќе можности и функционалности, со кои можат да работат поискусните корисници. Ве потсетуваме дека LG G4 се очекува да има 5,5-инчен екран со резолуција QHD, Snapdragon 808 процесор, 16-мегапикселна камера и 3GB RAM.Премиерата на пазарот ќе ја влоши значително конкуренцијата и ќе го постави во директен судир со Galaxy S6 на Samsung.