LG G7 ќе биде објавен во април

од Vladimir Zorba
255 прегледи

LG ја пропуштија можноста да претстават нов предводник на пазарот на MWC 2018, за да избегнат директна конкуренција со Samsung Galaxy S9. Во оваа фаза не располагаме со податоци кога ќе го видиме за првпат LG G7, но можеме да претпоставиме дека компанијата ќе одржи во наредните месеци специјален настан на кој ќе биде прикажан смартфонот. Во мрежата сега се појавија нови информации од корејското издание на ETNews, кое открива малку повеќе детали за плановите на LG.

Податоците цитираат извори блиски до компанијата и посочуваат дека официјалната презентација на LG ќе биде реалност во втората половина на април. Продажбите на пазарот ќе започнат неколку недели подоцна, што значи дека LG G7 ќе биде достапен во мај. Цената ќе биде во опсег од 850 до 950 долари, во зависност од специфичната верзија. Интересно е дека компанијата се уште не одлучила конечно точно каде да биде премиерата на уредот и дали настанот да се одржи во Европа или во Јужна Кореја.

Спецификациите на LG G7 вклучуваат 6-инчен OLED екран со сооднос на екранот од 19.5:9 и двојна задна камера со 16 мегапиксели резолуција. Новиот паметен телефон ќе има 6GB RAM и процесор Snapdragon 845. Вградената меморија ќе биде 64GB или 128GB.

Според ETNews, премиерата на G7 во април ќе ги смени плановите на компанијата во втората половина од годината. Ова значи дека следниот сериски модел нема да биде прикажан во септември, но ќе биде објавен во ноември.

Слични содржини