LG ќе издаде нови верзии на K8 и K10 во Барселона

од Vladimir Zorba
297 прегледи

LG објави дека ќе ги претстави ажурираните изданија на своите смартфони на K8 и K10 на мобилниот конгрес во Барселона. Меѓу новите функции во серијата ќе биде побрзо автоматско фокусирање и потиснување на бучавата за подобрена фотографија при слаба осветленост. K10 ќе нуди метален заден панел и 13-мегапикселна камера со PDAF автофокус, која е со технологија како во предводникот G6, додека помалиот „брат“ ќе биде опремен со 8 мегапиксели сензор. „Flash Jump Shot“ е исто така нова функција, која фотографира на секои 3 секунди и потоа ги обединува во GIF анимација.

Исто така е вклучена и опцијата Timer Helper за групни слики, којa го користи блицот за да ги брои преостанатите секунди до фотографијата, така за учесници да се подготвени за фотографија. кај двата паметни телефони копчето за вклучување, со интегриран сензор за отпечатоци, може да се користи за брзо стартување на камерата.
LG K8 ќе има процесор од 1.3GHz, додека K10 ќе добие 8-јадрен чип од 1.5GHz. K10, исто така, ќе има две други опции – Alpha и Plus.

Plus ќе понуди 3 GB RAM меморија и 32 GB меморија за апликации, додека Alpha и Standard Edition ќе имаат 2 GB RAM меморија и 16 GB меморија.

Во прилог Alpha верзијата ќе има 8МР главна камера и 5МР камера за селфи фотки, а кај другите два, комбинацијата е од 13МР и 8МР / 5МР сензори. Новиот K10 ќе има 5,3-инчен дисплеј со резолуција од 1280×720 пиксели, додека K8 ќе има 5-инчен 720p панел.

Малку чуден е изборот на оперативен систем, бидејќи и двата телефони ќе имаат веќе застарена верзија Android 7. Од LG најавија и нова палета на бои за 2018. K8 и K10 ќе бидат понудени во црна, сина и златна (Aurora Black, Moroccan Blue и Terra Gold).

Слични содржини