Новата стратегија за паметни телефони на LG заслужува внимание. Предводник на секоја година, проследен со мала надградба шест месеци подоцна. Пристапот може да е чуден и да не им се допаѓа на оние кои и дале доверба на компанијата, но јужнокорејскиот производител дефинитивно не е првиот кој прибегнува кон таква стратегија – таа е во склад со она што компании како OnePlus веќе го прават некое време.
Првиот нов модел на LG од оваа стратегија исто звучи прилично збунувачка. Тоа е LG V30S ThinQ и како што сугерира името, меѓу него и оригиналниот предводник нема посебна разлика – „RAM и боја“, како што вели претставник на компанијата. Во пракса, оперативната меморија е зголемена од 4GB на 6GB и се додадени две нови бои.
Зошто тогаш го имаме ова ново и комплицирано име? ThinQ е новиот термин за AI производите на LG и во овој случај се однесува до фото можностите на телефонот. Камерата работи со софтверот на германскиот стартап EyeEm и сета обработката на сликата се случува на самиот телефон, а не во облакот, што го прави процесот побрз. Камерата може да препознава различни предмети како луѓе, животни, храна, цвеќиња и пејзажи, и да ги поставува соодветните поставувања.
На повеќето пазари V30S едноставно ќе го замени V30, но допрва треба да ја дознаеме точната стратегија на компанијата за цени и дистрибуција.