Со „Прошетката на гордоста“ борците за правата на ЛГБТ+ заедницата денеска ќе шетаат низ централните улици на Белград, која ќе заврши со концерт во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Белградскиот Прајд се одржува под слоганот „Не сме ни блиску“, со кој се нагласува, како што соопштија организаторите, дека ЛГБТ+ заедницата во Србија се соочува со насилство и дискриминација и дека нивните барања не се исполнуваат.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема да го истакнува знамето со виножито на зградата на Претседателството, што го порача и градоначалникот на Белград Александар Шапиќ.
Претходната година во Белград се одржа Европрајд, најголемата европска манифестација на борбата за правата на ЛГБТ+ заедницата.
Планираната прошетка на учесниците тогаш беше забранета, но собирот се одржа, а учесниците беа спроведени низ централните белградски улици до Ташмајдан, каде потоа се одржуваа концертите.
На улиците беа присутни голем број полицајци, а на рабовите на собирот имаше протести на десничарските организации и противниците на Еуропрајд.