Либан издаде упатства за претпазливост за евакуација на аеродромот во Бејрут во случај на вонредна состојба

од Radmila Tasevska
176 прегледи

Либанските власти денеска издадоа упатства за претпазливост за евакуација на меѓународниот аеродром во Бејрут и околните локации во случај на вонредна состојба, објавија британските медиуми. Ова доаѓа во време на зголемени тензии долж либанско-израелската граница.

Раководството на меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ во Бејрут, кој се наоѓа на јужната периферија на главниот град, извести за моментална ескалација на ситуацијата долж границата. Неодамна, имаше дневна, но релативно ограничена размена на оган меѓу Израел и силно вооружената либанска група Хезболах.

Либанските власти ја објавија директивата откако израелската Армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа во текот на ноќта.

Слични содржини