Либанската влада го одобри планот на САД: Може да го разоружате Хезболах

од desk2
20 прегледи Фотографија: Radosław Botev on Wikimedia Commons. Copyright: Fundacja Kontroli Społecznej „Nomos”

Министерот за информирање на Либан порача вечерва дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот на годината и прекин на израелските воени операции во земјата, иако не расправала за сите детали на предлогот.

САД на Либан му претставија предлог за разоружување на Хезболах, кој е поддржуван од Иран, потоа за прекин на израелските воени операции во Либан и повлекување на израелските војници од пет позиции во јужен Либан.

Хезболах уште не го коментирал предлогот, но три извори велат дека министрите од таа организација и нивните муслимански шиитски сојузници ја напуштиле седницата во знак на протест.