Либерална партија на Андов порачува: Со аболицијата, Иванов создаде вонредна состојба и отвори пат за итна собраниска седница

од Vladimir Zorba
128 прегледи

 

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичарите кои се поврзани со политичката криза и аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот на Република Македонија.

sobranie, pratenicki prasanja, stojan andov  25-10-2010 rv

sobranie, pratenicki prasanja, stojan andov 25-10-2010 rv

Потсетуваме на членот 9 од Уставот:

  • Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
  • Граѓаните пред уставот и законите се еднакви.

Според Либералната партија, со својот акт Иванов ги стави политичарите во надредена, „класна“ позиција во однос на сите „останати“ граѓани на Република Македонија.

Со тоа, Иванов го прекрши Уставот и создаде вонредна состојба во земјата.

Либералната партија оценува дека на овој начин создадени се сите услови за итна седница на Собранието, на која ќе се започне постапката за утврдување одговорност, согласно членот 87 став 2 од Уставот на Република Македонија.

Слушнавме дека и ВМРО-ДПМНЕ изрази „фрапираност“, „неверување“ и „несогласување“ со потегот на Иванов, и СДСМ изрази оценка дека потегот е еднаков на „државен удар“. Оттука, Либералната партија ги охрабрува пратениците да пристапат кон отпочнување на постапките за утврдување одговорност на Иванов.

Укажуваме дека сега е критичниот момент низ институционална постапка политичкиот процес и надпартискиот консензус институциите, политичарите, партиите… да застанат во одбрана на владеењето на правото. Во спротивно, оваа постапка на Иванов е почетокот на демонтажата на државата и системот.