Liberty Walk Ferrari 458 Challenge Silhouette

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Liberty Walk го опреми Ferrai 458 Challenge со својот пакет Silhouette.

Ferrari 458 Italia е фантастичен автомобил со високи перформанси кој, според многумина, треба да остане недопрен и немодифициран, но Liberty Walk очигледно мисли поинаку и изминатите неколку години произведува комплет за каросерија наречен Silhouette. Сега Liberty Walk ја покажа својата нова креација базирана на „дивиот“ модел 458 Challenge.

Јапонскиот тјунер одлучи да го замени секој панел со нови делови направени од јаглеродни влакна. Вниманието особено е насочено кон предниот дел, каде има нова решетка, уникатен сплитер и аеродинамични крила на надворешните рабови на браникот. Пакетот Silhouette на Liberty Walk вклучува и нова хауба со големи отвори за воздух, додека суптилни отвори слични на оние на 458 Speciale може да се видат како и затемнето лого на Ferrari под регистарската табличка.

Тјунерот инсталираше нови ретровизори од јаглеродни влакна, создаде нови панели на вратите и аеродинамични странични прегради, а Ferrai доби комплет нови тркала со централни столпчиња. Се чини дека е поставена и воздушна суспензија, што би објаснило зошто автомобилот е толку блиску до земјата.

Модификациите продолжуваат во задниот дел, каде сега има нов спојлер, но и дифузер кој не само што придонесува за изгледот, туку и ја зголемува надолната сила.