Liberty Walk Lamborghini Urus

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Јапонскиот Liberty Walk го најавува модифицираното Lamborghini Urus со неколку слики, кои премиерно ќе бидат прикажани на овогодинешното SEMA тјунер шоу во Лас Вегас.

Меѓу другото, нивниот Urus ќе биде достапен со нови издувни цевки, комплет мат црни тркала и карбонски аеро каросериски пакет.

Аеродинамичниот комплет вклучува проширени браници, комплет странични прегради, преден спојлер, хауба, заден дифузер, како и впечатлив заден спојлер на покривот.

Во кратката вест не се споменува можно засилување на моторот, а нема информации ниту за цената на овој пакет.