Лидер на секта осуден на 8.658 години затвор

од Nikola Popovski
225 прегледи

Судот во Истанбул го осуди водачот на еден култ, кој го проповедал своето учење на телевизија, на 8.658 години затвор, објави Би-Би-Си.

Шеесет и шестгодишниот Аднан Октар постојано бил опкружен со млади жени, кои ги нарекувал „мачиња“, а меѓу другото бил осуден и за злоупотреба и сексуални односи со малолетници.

Октар водеше сопствен телевизиски канал преку кој држеше верски проповеди, познат е како жесток противник на теоријата на еволуцијата, а напиша и книга за креационизмот, која беше исмејувана во стручните кругови и во јавноста, пренесува „N1“.

Првично бил осуден на 1.075 години затвор, но апелациониот суд нареди повторно судење, а во новото судење биле обвинети уште 215 лица.

На десет им биле изречени идентични казни од 8.658 години затвор, а на повеќето други им беа изречени помали казни.

Октар и стотици негови следбеници билњ уапсени во 2018 година под голем број обвиненија, вклучително и водење криминална организација, даночни прекршувања, сексуална злоупотреба и тероризам.

Во моментот на апсењето, тој им кажа на новинарите дека обвинувањата против него се „лажни“ и „игра што ја води британската длабока држава“, тема за која често зборувал.

Во јануари минатата година тој беше осуден по 10 обвиненија, меѓу кои и водење на криминална група, ангажирање во политичка и воена шпионажа, сексуална злоупотреба на малолетници, силување, уцена и тортура.

Во тоа време, тој бил обвинет и за наводни врски со Фетула Ѓулен, кого турската влада го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар во 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повеќе од 2.000 беа повредени.

Апелациониот суд ја укина таа пресуда и на повторното судење Октар доби осум пати поголема казна.

Слични содржини