Лидерите на четирите партии од коалицијата ВЛЕН вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Курти

од Milan1
193 прегледи

Лидерите на четирите партии од коалицијата ВЛЕН вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај премиерот на Косово Албим Курти, потврди денеска министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Тој кажа дека меѓу другото очекува да разговараат за политички актуелни теми во Косово, Македонија и регионот, но и за идните локални избори.

– За локалните избори сме во релаксирана и добра атмосфера, се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение да нема незадоволни. Сите страни да бидат задоволни во коалицијата, рече Таравари.

Тој нагласи дека и односите во Владината коалиција се добри и оти нема никакви проблеми и турбуленции

Слични содржини