220
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан пристигна во Сочи, соопшти прес-службата на ерменската влада.
Во Сочи тој ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, и лидерот на Азербејџан, Илхалма Алиев.
Ерменскиот премиер беше придружуван од вицепремиерот Мгер Григорјан, министерот за надворешни работи Арарт Мирзојан и секретарот на Советот за безбедност Армен Григорјан.
Пашинјан и Алиев планираат да разговараат за спроведувањето на трилатералните договори на лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија од 9 ноември 2020 година, 11 јануари и 26 ноември 2021 година, како и понатамошни чекори за зајакнување на стабилноста и безбедноста во Закавказ.
Да потсетиме, претходната средба во сличен формат се одржа во ноември 2021 година.