Лидерите на Европската унија го поддржаа планот за испраќање милион куршуми артилериска муниција во Украина во следните 12 месеци.
Таквата одлука е донесена затоа што Украина се соочува со недостиг на муниција по повеќе од една година борби, пренесе АП.
Естонскиот премиер Каја Калас минатиот месец ја претстави идејата ЕУ да воспостави заеднички план за набавки, сличен на оној што беше смислен за време на пандемијата на коронавирус за купување вакцини.