126
Европската унија ќе ѝ пружи поголема воена поддршка на Украина, потврди денеска пред новинарите високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, доаѓајќи на самитот на ЕУ што се одржува во Брисел, а на кој ќе учествува и украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Зеленски доаѓа да бара повеќе помош од европските лидери, повеќе оружје во борбата против Русија и брз почеток на преговорите за членство на неговата земја во ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека „многу е важно ЕУ да ја зголеми поддршката за Украина“.