237
Тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити денеска на свое барање ја посетија резиденцијата на амбасадорот на Република Франција во Скопје, Н.Е. г. Сирил Бомгартнер.
На оваа средба, тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени го информираа францускиот амбасадор за последните политички настани, како што е и формирањето на коалицијата на албанските опозициски партии, која сега е позната под името Европски сојуз за промени. Фокусот на средбата беше ставен на темата за евроинтегративниот процес, како и претстојните парламентарни избори.