Војната на Русија во Украина ќе биде главна тема на самитот на Г7 следниот месец во Хирошима, Јапонија. На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден.
Лидерите на групата од најмоќните светски економии (Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД) ќе се состанат на местото на првиот нуклеарен напад кој некогаш бил изведен.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека се надева дека темата за нуклеарното разоружување ќе биде една од главните теми на состанокот.