Лидерите на најмоќните економии во светот се состануваат во Хирошима

од Stefanija Kuzmanovska

Војната на Русија во Украина ќе биде главна тема на самитот на Г7 следниот месец во Хирошима, Јапонија. На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џо Бајден.

Лидерите на групата од најмоќните светски економии (Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД) ќе се состанат на местото на првиот нуклеарен напад кој некогаш бил изведен.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека се надева дека темата за нуклеарното разоружување ќе биде една од главните теми на состанокот.

Слични содржини