Лидерот на ДУИ Ахмети се сретна со грчкиот амбасадор- разговарале и за името

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со грчкиот амбасадор во земјава Харис Лалакос.  Како што соопштуваат од партијата, на средбата станало збор за билатералните односи меѓу Скопје и Атина, спорот за името, евроатланската интеграција, како и политичките процеси во земјата.

 ахмети

Претседателот на партијата изрази поддршка за постигнување мерки на доверба меѓу Атина и Скопје и оти ова е најдобриот начин да се воспостават добрососедски односи и да се надминат разликите.Во врска со актуелната политичка криза во земјата, како и со постигнатиот договор на 2 јуни со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан, Ахмети апелира до политичките лидери во земјата и меѓународната заедница за да се направат максимални напори овој договор да има успех бидејќи, како што наведуваат во соопштението, ние носиме одговорност за стабилноста и безбедноста на земјата.