Лидерот на грузиската опозиција уапсен по протестите

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Лидерот на грузиската опозиција Зураб Џапариџе од Коалицијата за промени е уапсен утрово, а локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како Џапариџе го вовлекуваат во полициско возило без ознака.

Партиските лидери се обидуваат да утврдат каде го однела полицијата, пренесува порталот „Грузија денес“.

На приведувањето му претходеше судир меѓу полициските сили и демонстрантите на протестите предизвикани од минатонеделната најава на владата дека ги прекинува преговорите за пристапување во Европската унија.

Слични содржини