Лидерот на Хамас ненадејно пристигна кај Ердоган, Израелците ја чекаат најважната вест

од Симе Стоиков
295 прегледи

Исмаил Ханије, еден од тројцата лидери на Хамас, е во Истанбул на ненадејна средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ергодан крајно таинствено за медиумите изјави дека темите на средбата ќе ги зачува само за него и за Исмаил Ханије. Ердоган ја потврди посетата во петокот и ова е нивна прва директна средба „еден на еден“ од јули 2023 година.

Претседателот на Турција не сакаше јавно да коментира за што ќе разговара со лидерот на Хамас, кој веќе неколку месеци војува со Израел.„Да ја зачуваме агендата за нас и г-дин Ханије“, им рече тој на новинарите.

Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинската кауза, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.

Ханије е во посета на Турција во време кога Катар, кој игра клучна улога во преговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога како разговори за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници.

Слични содржини