181
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Кир Стармер денеска изјави дека оставката на Борис Џонсон е добра вест за земјата.
„Добра вест за земјата е што Борис Џонсон поднесе оставка од премиерската функција“, наведе тој во соопштение, пренесе британскиот весник „Гардијан“.
„Борис Џонсон е одговорен за лаги, скандали и измами во големи размери“, рече лидерот на лабуристите.