Лидерот на турската опозиција: Секој може да го победи Ердоган на изборите

од Milan1
34 прегледи

Претседателот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Озгур Озел денеска изјави дека секој потег за законска забрана на кандидатурата за градоначалник на Истанбул само ќе ја зајакне поддршката за неговата партија и оцени дека секој кандидат може да го победи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на изборите.

Тој во интервју за „Ројтерс“ ден по апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу рече дека Ердоган се плаши од какви било избори.

Озел оцени дека Ердоган сака да го назначи својот доверлив човек да го замени Имамоглу за градоначалник на Истанбул, но исто така нагласи дека турската опозиција ќе спроведе „најсилна демократска реакција“ на секој таков потег.

Тој зборуваше за „Ројтерс“ во седиштето на општината во Истанбул, каде рече дека ќе остане додека Имамоглу не биде ослободен од притвор.

Имамоглу е во притвор под обвинение за наводно водење на криминална организација и корупција, пренесува „Танјуг“.

Тој е главниот политички ривал на турскиот претседател Ердоган, а опозицијата за неколку дена треба да го избере својот претседателски кандидат на следните избори.

Слични содржини