Компанијата „Лидл Србија“ започна да работи на изградба на нов, втор по ред, логистички центар во Лапово.
На церемонијата на поставување камен темелник присуствуваа директорот на централните служби и член на Управниот одбор на Лидл Србија – Драган Шигоја, државниот секретар во Министерството за трговија, туризам и телекомуникации Урош Кандиќ, како и претседателот на општина Лапово – Бобан Миличиќ.
Вториот логистички центар на компанијата Лидл Србија ќе се простира на 57 илјади квадратни метри и ќе има капацитет за складирање на повеќе од 35.000 места на палети и 130 рампи за утовар и истовар.
Од самиот почеток на изградбата, компанијата ќе ги почитува највисоките стандарди во одржливата градба – преку употреба на одржливи градежни материјали, поефикасно користење на вода и енергија и обезбедување подобри услови за работа.
Само домашните компании за дизајн, надзор и градежни активности се вклучени во градежниот проект.