Ако ви претстои патување до Португалија и поконкретно до главниот град на земјата Лисабон, одвојте време за да го разгледате лифтот Санта Хусто (Elevador de Santa Justa на португалски јазик).
Тој е историска знаменитост, изградена во почетокот на 20 век. Лифтот од ковано железо ги поврзува улиците „Бајша с Ларго“ до „Кармо“ преку помагање на луѓето, поштедувајќи ги од потребата да го искачуваат ридот Кармен.
Убавиот метален оков на Санта Хусто со неоготски арки и месинг, е вистинско уметничко дело, обожавано од жителите на Лисабон уште од неговата изградба. Денес тој е познатата туристичка атракција.
Лифтот е изграден од португалскиот инженер Раул Понсард кој бил ученик на големиот мајстор на железото Густав Ајфел, чија најпозната творба е Ајфеловата кула.
Изградбата на „Санта Хусто“ започнува во 1900 година и трае две години до 1902 година. Кулата на лифтот се издига на 45 метри височина и вклучува две кабини на лифтот, украсени со дрво, огледала и прозорци.

Фото: flickr.com
Секоја може да собере до 29 патници. Во горниот дел на популарниот португалски лифт има платформа за набљудување која обезбедува прекрасен поглед кон Лисабон.Оригиналниот лифт бил придвижуван од гигантен парен мотор, но во 1907 година тој е заменет од електричен мотор.
Посетете ја галеријата и проверете го популарното обележје во португалската престолнина – Санта Хусто.