Лилјана Поповска од ДОМ, смета дека меѓународната заедница треба да делува да профункционира она што е досега направено со договорот од Пржино-пренесува РСЕ. Таа вели дека е потребна конструктивност и од опозицијата и тоа што е договорено досега да го искористи во полза на договорот и во своја полза за да се решат отворените прашање, како што се индициите за кривични дела во врвот на владата.

лиле поповска

Таа смета дека притисокот е контрапродуктивен и ќе и биде добредојден на владата да ја реализира својата агенда.

„Напротив од тоа прават спин и го прават како херојство за себе дека не подлегнуваат на притисоци“, вели Поповска.

„Цела јавност очекува да се види разрешница што е со содржината на тие „бомби“. Затоа и се формираше тоа Специјално Јавно обвинителство. Тоа треба да почне да работи. Не е најбитно дали се 7 или 14 души“, вели Поповска

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини