518
Неодамна на фестивалот во Кан беше прикажан филмот на Џони Деп, првиот во кој актерот се појавува по проблемите на личен план и судењето со поранешната сопруга Амбер Херд.
По прикажувањето на филмот, публиката го награди Деп со седумминутен громогласен аплауз.
Лили-Роуз Деп, ќерката на Џони, која и самата неодамна ја започна својата актерска кариера, се огласи по овој повод и откри дека не може да биде погорда.
„Многу сум среќна за него. Јас сум толку возбудена. Прекрасно е што можеме да работиме на проекти со кои се гордееме“, изјави таа.
Самата млада актерка доби овации на неодамнешното прикажување на првите неколку епизоди од нејзината и драмата на The Weeknd, The Idol.