Лили-Роуз Деп се огласи по овациите за филмот на нејзиниот татко: „Многу сум среќна за него“

од Stefanija Kuzmanovska
517 прегледи

Неодамна на фестивалот во Кан беше прикажан филмот на Џони Деп, првиот во кој актерот се појавува по проблемите на личен план и судењето со поранешната сопруга Амбер Херд.

По прикажувањето на филмот, публиката го награди Деп со седумминутен громогласен аплауз.

Лили-Роуз Деп, ќерката на Џони, која и самата неодамна ја започна својата актерска кариера, се огласи по овој повод и откри дека не може да биде погорда.

„Многу сум среќна за него. Јас сум толку возбудена. Прекрасно е што можеме да работиме на проекти со кои се гордееме“, изјави таа.

Самата млада актерка доби овации на неодамнешното прикажување на првите неколку епизоди од нејзината и драмата на The Weeknd, The Idol.

Слични содржини